Како боксот го вајаше машкото лице

Кличко, Тајсон и компанија можат да им се заблагодарат на дамнешните претци кои си делеле тупаници и еволутивно оставиле траен белег врз машкото лице, односно го извајале да биде поиздржливо на овие удари. 

Тепачките и делењето тупаници кои датираат милиони години наназад во човештвото преку еволутивните процеси си го направиле своето и го обликувале машкото лице така да се минимизираат ефектите повредите. 

Студијата, водена во универзитетот во Јута која била вршена врз черепи на Австролопитекуси (пра-луѓе) покажа дека лицата и вилиците уште од тогаш се развиле посилни и поцврсти во региите кои се поподложни на вакви удари. Впрочем, тоа е и една од поткрепите на теоријата зошто машките лица се погруби и имаат специфични контури. 

Покрај ова, доказите укажуваат и на специфични промени во мускулноскелетниот систем на раката кои што овозможиле таа да биде претворена во совршена алатка за удирање. Лицето пак, како главна мета кога во прашање се тепачките подлегнало на еволутивни промени за да се заштити од повреди. 

Оваа студија е поткрепа на претходни тези за тоа како насилството играло голема улога во човечката еволуција. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија