Кај ми е снегчето?

Додека Македонија, Балканов па и цела Европа знае „кај ѝ е сонцето“, ама се мачи со слабите врнежи на снег и екстремно лошите услови за скијање, Северна Америка се наоѓа во една од најстудените зими што некогаш биле видени. Не се ставаме во улога на метеоролошки известувачи, ама известуваме за да не се прашувате „кај ми е снегчето?“.

Екстремно ниските температури кои ги зафатија северните и североисточните делови од САД и Канада овој викенд се должат на „поларниот вортекс“. Метеоролозите известуваат дека овој феномен е всушност екстремно студен воздух кој доаѓа од северниот пол и предизвика сериозен пад во температурите и временските услови кои може да станат и најекстремните досега во историјата на САД.

Снежната бура донесе навеви од 60 цм. снег во Канада и североисточните делови на САД а температурите во Торонто паднаа на -29 целзиусови и во Квебек -38 целзиусови степени. Метеоролозите велат дека со факторот „ветер“ (wind chill) овие температури се симнуваат и далеку под овие бројки во границите на -50 целзиусови степени.

Делови од државата се во вонредна состојба, а се прогнозира дека најстудениот бран се` уште не пристигнал.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија