Качувачката Година 2015 заокружена со PLASTICMAN 3

Последната Недела од 2015 година, на 27 Декември во болдер салата СЦ ‘Борис Трајковски’ одекнуваше разгорената атмосфера од лудиот качувачки болдер натрпевар PLASTICMAN 3 со кој за трет пат ја заокружуваме качувачката сезона со овој отворен, урбан и веќе култен качувачки настан.

Оваа година, настанот дебитираше со наголем број на качувачи досега, старита качувачка фела, нови и поискусни рекреативци како и новата ‘единица’ на супер-дечиња, кои приредија динамична и возбудлива болдер битка при што секако секој од качувачите качуваше маскиран во своја пред новогодишна тема.

Натрпреварот имаше три категории, деца м/ж, рекреативци м/ж и натпрварувачи м/ж, од кои категоријата ‘натпреварувачи’ воедно и беше последното државно првенство за 2015 од натпреварувачката лига на МСКФ. За секоја од категориите беа предвидени наоски со тежина во зависност на категоријата, односно вкупно 21 болдер проблем со целиот спектар на тежини до 7b+.

По натпреварот следеше коктел и прогласување каде што беа прогласени победниците од PLASTICMAN 3, како и најдобрите Македонски качувачи за 2015 во машка и женска
категорија во дисциплините ‘Тежинско’ (Качување со јаже) и ‘Болдер’ според ранг листата на 8a.nu.

Ранглистата на 8a.nu се уредува со личен кориснички профил кој се креира на www.8a.nu веб страната, каде што секој качувач ги внесува своите искачувања, а
на официјалната страна на МСКФ е изложена ранг листата каде шо го прикажува моменталниот резултат и рангирање на секој македонски качувач кој води евиденција.
Имено 8a.nu е светски качувачки портал, кој го користат речиси 90% од качувачката заедница, и важи за онлајн ‘институција’за многу качувачи.

И оваа година како и долги години наназад, ВЕРТИКАЛ СПОРТ – МАКЕДОНИЈА ги обезбеди наградите од програмата на врвниот производител на качувачка опрема
PETZL за Најдобрите Македонски Качувачи на 2015 во Болдер и Тежинско како стимул да ги бранат своите успеси и во новата 2016 година

Благодарност и до еMINIMAL TATTOO STUDIO и болдер вежбалната БолдерЧе, кои што ги обезбеја новогодишни изненадувања за победниците на PLASTICMAN 3.

Благодариме на сите кои што учествуваа и беа дел од овој натпревар, случување и предновогодишна качувачка забава. Се гледаме догодина!

Среќна Нова 2016 Година и ви посакуваме многу здравје, среќа и многу качувачки триумфи во 2016.

Галеријата можете да ја разгледате тука.

Погледнете ги и предходните Пластикмен 1 и Пластикмен 2.

РЕЗУЛТАТИ

Категорија: ДЕЦА

Јан Кочишки -Скк Карпош -Скопје

 I Место
Димитар Ристески -Скк Златоврв -Прилеп II Место
Давид Трповски -Скк Екстрем -Скопје III Место
   
Стефанија Перканоска скк Златоврв -Прилеп  I Место
Михаела Санева -Скк Астибо -Штип II Место
Марија Кулеска -Скк Златоврв -Прилеп III Место

  

Категорија: РЕКРЕАТИВЦИ

Владимир Георѓиевски Скк Вертикал-Битола

 I Место
Александар Чорбески Скк Екстрем-Скопје II Место
Лазар Банов Скк Вардар-Скопје III Место
   
Јасна Алтипармакова Скк Вертикал-Битола  I Место
Маја Бошковска -Скопје II Место
Александра Алексовска Скк Вардар-Скопје III Место

  

Категорија:  НАТПРЕВАРУВАЧИ

Марио Минчевски Скк Вертикал-Битола

 I Место
Виктор Трповски Скк Екстрем-Скопје II Место
Томи Јордановски Скк Екстрем-Скопје III Место
   
Маја Петровска Скк Екстрем-Скопје  I Место
Билјана Талевска Скк Вертикал-Битола II Место

  

Најдобри Македонски Качувачи за 2015 Година [8a.nu]
Дисциплина Тежинско
Ивица Јовановски Скк Екстрем-Скопје
Маја Петровска -Скк Екстрем-Скопје
Дисциплина Болдер
Марио Минчевски -Скк Вертикал-Битола
Билјана Талевска -Скк Вертикал -Битола