Јовановски прв во Црна Гора

На осмиот традиционален Гранд При во планински велосипедизам во Црна Гора кој се одржа викендов, настапија четворица македонски претставници од кои Јован Јовановски од охридскиот велосипедски клуб Екодром оствари надмоќна победа во класата јуниори.

Трката  „XIII Grand Prix Montenegro – Stazama Kralja Nikole”  одржана под покровителство на општината Бело Поле и велосипедскиот сојуз на Црна Гора е дел од календарот на UCI (Интернационална Велосипедска Унија) под класата XCO Class C3.

Овој викенд, во неколкуте категории настапија 60 квалитетни велосипедисти од Србија, Македонија и Црна Гора, меѓу кои се наоѓаа четворица наши натпреварувачи од охридскиот велосипедски клуб Екодром. 

Во категоријата јуниори настапија Јован Јовановски и Петар Упевчески, а во категоријата на кадети, Новица Велјаноски и Филип Петрески.

Јовановски убедливо победи во јуниорската конкуренција со време од 1:33,39, со што само ги потврдува неговите високи квалитети. Во истата категорија Петар Упевчески го освои петтото место, а кадетите Новица Велјаноски и Филип Петрески трката во својата категорија ја завршија на второто односно шестото место.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија