Наслов

Известување за 7-мо првенство во сквош

Во координација со претседателот на Сквош федерација на Македонија, г-н Бојан Дуковски, ве известувамe дека седмото официјално првенство на Македонија во сквош ќе се одржи во „Сквош центар” во Скопје, во текот на првиот викенд од април, односно од 3-5 април 2015 г.

Како и досега:

- сите натпревари ќе се играат во подобар од 5 сета (до 3 добиени);
- ќе се играат минимум 5, а максимално 7 натпревари по натпреварувач, во зависност од бројот на пријавени учесници;
- ќе се стартува во петок попладне (17:30-18:00), сабота е флексибилна, односно служи за доигрување на мечеви по групи и евентуално на четврфиналиња и играчите ќе можат меѓусебно да договараат термини кои најмногу им одговараат, се разбира во рамките на возможното; во недела, со старт околу 9:30 ќе се играат по два меча од натпрреварувач (ни помалку ни повеќе), односно последните натпревари за конечен пласман.
- ќе се игра со топче со една жолта точка;
- жребот ќе биде полудиригиран, односно ќе се земе предвид последното рангирање на играчите (се надевам наскоро да го испратам до сите).
- право на учество имаат сите играчи со македонско државјанство, без разлика дали се рангирани или не, и без разлика на искуство и претходни учества.

Имајте на ум дека од сите учесници ќе се очекува да помагаат околу евидентирање на резултатите на натпреварите, а од поискусните и помош при судење. 

18 Март 2015

За авторот