Попова Шапка – загревање за новата сезона

Изобилство од пејсажи и снежни врвови

Ski Macedonia направи посета со цел да ја долови атмосферата од прва рака, какви се условите и што се случува на Попова Шапка пред стартот на новата сезона.

Иако офијално ски центарот Попова Шапка сè уште нема започнато со работа (според најавите, сите ќе бидат навремено известени преку медиумите), ски сезоната е започната уште од крајот на ноември за оние љубители на freerider скијањето и сноубордингот за кои и нема потреба од добро подготвена патека или пак работа на некоја од жичарите. За нив, доволна е само планината и љубовта кон истата 🙂

За помалку од еден час од Скопје низ густа магла се појавивме до сончевите пејсажи на Шара. Не дека прелива од снег, но сепак на Попова Шапка условите за скијање можат да бидат далеку подобри отколку оние викендов. Со делумно средени патеки и делумно активни ски лифтови, ски центарот Попова Шапка се подготвува за новата ски сезона.

Церипашина, најомилената на многумина рекреативци и професионални скијачи, некако оставена сама на себе. Патеката на некои делници располага со 30-40 цм снег делува запоставено, иако според наше мислење треба да биде спремна и средена во секој момент.

Додека околните ски центри се тепаат секоја снегулка снег да ја задржат на патеките, ние некако се однесуваме прилично комфорно и чекаме снегот сам да си ја заврши работата.

Можеме и мораме подобро 🙂

Со љубов Ski Macedonia