Trex на Изник Ултрамаратон

Изник – или во античките времиња познато како Никеа – мало гратче во Мала Азија во близина на градот Бурса и на брегот на истоименото езеро беше местото каде „луѓето како нас” вљубени во трчањето, членови на TREX и ПСД Макпетрол, поминаа неколку прекрасни денови во втората половина на април.

Веќе трета година Изник е домаќин на Изник утрамаратон што опфаќа три должини 42км, 80км 130км, а оваа година за подобра промоција и 10км. Настан на кој учествуваат многу светстки звучни имиња како Ian Corless, една од личностите која е неодминлив дел од најголемите ултратреил трки во светот и преку својот блог ги пренесува најважните информации од светот на ултратраил трчањето, британските ѕвезди – Robie Britton и Јо Меек.

TREX учествуваше на сите должини и тоа на 130км – Светлана Стојаноска, Жикица Ивановски и Јовица Јованчев, на 80 км – Пенева Тања и Манчева Тања, на 42км: Марjан Бонев, Трајче Панковски и Софија Панковска, на 10км: Илија Пајмаковски.

Новите пријателства, прекрасната природа, добрината на локалните жители, вкусните турски баклави и ред други убавини е сето она за кое долго ќе се зборува помеѓу членовите на ТРЕКС но секако и освоените медали.

Во продолжение следи краток фото-патепис

Автор

TREX

Скопје

Македонија