Истражување на потонати бродови во Охридското езеро

Нуркачите од нуркачкиот клуб Акватек ги истражуваа и документираа потонатите бродови во Охридското езеро.

Бродовите датираат од Првата Светска Војна, и се претпоставува дека се намерно потонати.

Бројот на бродовите не е точно утврден и досега не се доволно документирани, што остава простор за понатамошно истражување.

Познати се доста информации поврзани со овие бродови, како нивниот произведувач и тоа дека биле користени за транспортирање на голем терет.

Бродовите се наоѓаат на крајбрежјето покрај градот Струга и се на длабочина помеѓу 6 и 7 метри, на повеќе од 1000 метри од крајбрежјето.

Екипата на Акватек заедно со подводниот археолог Никола Паскали, ќе продолжи со истражување, документирање и промовирање на овој локалитет.