Исчеткајте до фит тело и добри резултати

Ако заглавивте со некои слаби резултати во теретана, на трчање или велосипед или пак тапа ви оди слабеењето, обратете се на стоматолог, можеби тој ќе го реши проблемот.

Концептот за корелацијата помеѓу оралното и целокупното човеково здравје воопшто не е нов и бројни студии од претходните декади ја потврдувале конекцијата на гингивитисот и други дентални инфективни состојби со останатите општи состојби и заболувања.

Покрај конекцијата со останатите здравствени состојби, новите студии направени на животни потврдија поврзаност на пародонталните заболувања со дебелината. Др. Николас Геурс, директорот на одделот за Пародонтологија при универзитетот во Алабама вели:

„Животинските модели покажуваат потенцијален линк помеѓу пародонталните заболувања и дебелината. Ако инфекцијата и инфламацијата се присутни во непцата, животните имаа поголеми шанси да бидат со прекумерна тежина. Кога инфекцијата беше третирана, тие ослабеа. “

 

Стоматолозите велат дека оваа инфламација предизвикува стрес во телото со што предизвикува метаболни и циркулаторни проблеми што на крајот негативно се одразуваат на обидите за слабеење.

Но, ова е состојба, односно инфекција која може директно да се контролира, со помош на правилната орална хигиена и редовните посети на стоматолог. Па, бидејќи ова може да ве доведе до подобри резултати било на професионален или рекреативен план, нема зошто да не обрнете повеќе внимание.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија