Инфографик
Интересни факти за скијањето
Од првите датирања на цртежи по норвешките пештери и потеклото на зборот „ски” до интересни факти за најбрзиот спуст, најчестите повреди и најголемата концентрација на ски центри во светот.
Одиме по стрелките на часовникот
12 часот – Именката „ски” првпат е забележана во Англискиот јазик во 1755 година но дури во 1893 година зборот започнува да се користи како глагол. Кованицата water-ski (скијање на вода) се појавува дури во 1931 година.
13 часот – Најстарите записи на луѓе кои скијаат датираат од 2500 година п.н.е. во норвешка пештера.
15 часот – Во Швајцарија, 35 проценти од скијачките повреди го вклучуваат колениот зглоб.
17 часот – Скијањето поточно брзинските дисциплини (спуст) е една од најбрзите спортови изведувани на почва кои не користат моторизирано средство. Италијанскиот скијач Симоне Оригоне го држи рекордот за најбрз спуст со 252 км/ч поставен во Франција.
18 часот – Човек што тежи 70 килограми троши приближно 223 калории за половина час алпско скијање.
19 часот – Рекордот за најдолго нон-стоп скијање е 201 час и 1 минута. Го држи Ник Вили од Австралија кој го направил овој подвиг за подигање на свеста за болестите поврзани со изложување на азбест.
21 часот – 77 проценти од скијачките центри на светот се наоѓаат на Алпите
23 часот – постојат 2110 скијачки центри во светот