Иии од кај ти е Монткава?

Ѝ ја искубав бе, на една гуска.. 

Старата Монт јакна, односно пердувот како материјал со неговите одлични изолациски карактеристики скоро никогаш нема да ги напушти планинските и сите останати аутдор спортови и активности бидејќи истиот се има покажано како врвот кога се бара топлина заедно со мала тежина и мала зафатнина откако добро ќе се спакува.

Е сега, лошата работа во целата индустрија за спортска опрема е тоа што пердувите кои се користат за правење на убавите и топли монт јакни и вреќи за спиење многу веројатно потекнуваат од гуски и шатки што се кубени додека се живи (она што и нашите на село во минатото го правеле) само што сега во гигантски рамки на една индустрија. Ова за самите птици е екстремно болно, како што и самото звучи и претставува голем стрес за животните кои и онака на крајот завршуваат под нож.

Дополнително, обично откако ќе се искубат тие се чуваат и насилно се товат за нивниот џигер се замасти и да биде погоден за правење на овој специјалитет, а оваа метода претставува еден вид дополнително злоупотребување и малтретирање на кутрите животни.

Нејсе, на човештвото тешко дека ќе престане да му треба оваа суровина па затоа Норт Фејс и Патагонија, едни од водечките фирми за ваква аутдор опрема (индустрија која троши повеќе од 80 проценти од светските залихи на пердувите за правење на вреќи за спиење и погодни монт јакни) започнаа иницијативи за следење и квалификување на изворот на пердувите со цел да се намали користењето на пердуви од птици кои подлегнуваат на ова малтретирање (во превод користење на пердув единствено од веќе заклани гуски за да се избегне дополнителниот стрес врз животното).

Двете програми, RDS Responsible Down Standard на Норт Фејс и  Traceable Down Standard на Патагонија веќе функционираат неколку години и се обидуваат целосно да го избегнат користењето на овие пердуви од горенаведените етички причини, а со ова сакаат да ги поттикнат и останатите производители.

Сепак, синџирот на набавки на педуви е векови стар и најчесто доаѓа од места во Кина и Европа каде што тешко де може да допрат овие нови мислења и стандарди.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија