Европско првенство во ридски патеки

Иџе и Македонија пред врвот на европскиот автомобилизам

Игор Стефановски Иџе е пред прагот да го оствари најголемиот успех на македонскиот автомото спорт, да стане европски шампион во ридски автомобилизам. 

На десеттата етапа во европскиот шампионат во ридски автомобилизам која се одржа во Сент Урсан, Швајцарија, нашиот возач Игор Стефановски – Иџе успеа да дојде триумфира и сериозно да ја зголеми разликата која ќе му ја донесе титулата европски шампион.

Двете возења Иџе ги заврши со одличен резултат (2:18.799 и 2:17.307) и со разлика од неколку секунди ги остави зад себе најопасните конкуренти, Чесите Јири Лос и Мартин Јерман. 

Со седум победи во овогодинашниот шампионат тој сега успеа да направи недостижна разлика за неговите ривали и сега остануваат уште две трки до крајот кој треба да се извозат за формализирање на титулата. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија