Балканскиот првак, прв и во Бугарија

Идризи ја “освои” Бугарија

“НИКОН КУП 2013” Софија, Бугарија

Балканскиот првак прв и во Бугарија!

 

Во саботата на 16.03.2013 година во Софија, Бугарија, се одржа големиот меѓународен турнир “Никон куп 2013”. На овој турнир учествуваа околу 600 наптреварувачи од 8 земји, каде освен домаќинот, од Балканот уште учествуваа Македонија и Србија, а исто така имаше учесници од Финска, Русија, Турција, Украина и Германија.

Балканскиот првак Абдурахим Идризи учествуваше само во дисциплината КАТИ, каде што и покрај силната конкуренција издвои убедливо прво место на 5 настапи. Тој во финалето ја изведе катата УНСУ и според присутните тоа била најдобро изведената ката на турнирот во помладите категории.