Одличен старт на новата сезона

Идризи го освои градот под Шара

На 17.09.2017 во убавиот град под Шара, Тетово, се одржа големиот меѓународен турнир „Тетово Опен 2017” каде што учествуваа 450 натпреварувачи од шест Балкански земји.

На турнирот учествуваше и К.К. Макпетрол кој беше претставен од Абдурахим Идризи јуниори -55 кг и Давуд Рамадановски Кадет -55 кг.

Идризи имаше три победи во три меча кои ги доби без да загуби ниеден поен, додека Рамадановски имаше 2 победи од два меча, така што и двајцата се закитија со златни медали.