Вашиот иден автоматски одговор на електронската пошта

Ви благодарам за пораката. Ова утро/попладне го одвоив за да се повозам со точакот, да качувам карпи или да потрчам во паркот близу мојата куќа, или можеби да прочитам нешто додека седам до езерцето или потокот т.е. во природа – тоа што го гледаш помеѓу или надвор од урбаните средини каде живееме и работиме. Најчесто таму е зелено и/или кафено, во тоновите на земјата. Одам таму за, како што еден еднаш рече „да ја однесам мојава душа на перење”. 

Дишам, издишувам, малку ги опуштам моите рамена и ги релаксирам мускулите на лицето, особено на челото кое сум приметил дека ми е цело време збрчкано кога сум напнат. 

Нема да ти одговорам на поракава додека не се вратам од природа. Не го земав компјутерот со мене затоа што таму нема ви-фи, а најверојатно не го земав ни телефонот, или го имам ставено на „Авионски” режим, или како што јас сакам да кажам: „Сега, телефонот е само камера или радио”. 

Покрај моето отсуство во одговарање на овој мејл, еве и неколку други работи кои нема да ги правам: 

  • Нема да имам интеракција со други луѓе на ФБ, Инстаграм и Твитер во надеж да се осетам дека се уште постојам 
  • Нема да се потсеќам дека имам ту-ду листа
  • Нема да го проверувам мејлот на секои пет минути 
  • Нема да ми се крева косата и нивоата на кортизол со секое вибрирање на мојот телефон, откако некој ќе се обиде да ме контактира преку електронски пат
  • Нема да комуницирам со никој што не ми зборува лице-в-лице 

На овие работи ќе се навратам за неколку часа, откако сум готов со моето време за во природа, кое, јас верувам дека е есенцијално за физичка и ментална благосостојба. Ако, додека чекате мој одговор на овој мејл сакате да прочитате студија која го потврдува ова мислење, еве една добра, и уште една. 

Ако, пак, ме контактирате за итна работа за којашто мислите дека e потребен итно внимание, ве молам вдишете длабоко и анализирајте ја вашата дефиниција на зборот „итно”. Можеби вие кои сте таму во канцеларијата сте во можност да изнајдете решение додека јас ви одговорам на поракава. Доколку не сте во можност да најдете решение, тогаш може да се обидете трпеливо да ме почекате неколку часа додека да дојдам на работа и ви одговорам. 

Доколку пак не успеете трпеливо да дочекате на мојот одговор и започнете да се нервозирате, најпонизно ве советувам да тркнете до локалниот парк и да прошетате неколку минути. Оставете го телефонот на бирото, и наместо тоа, сконцентрирајте се на гледање дрва, птици и облаци. 

Ви благодарам, 

Ваше име и презиме

via 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија