И ГоПро сака на Тур

Компанијата е во активни преговори со неколку велосипедски тимови за монтирање на камери на велосипедите за време на најголемиот вело-циркуз на планетава. 

Компанијата позната по малите камери ГоПро е во активни преговори со неколку професионални велосипедски тимови за монтирање на нивните камери за време на големите светски натпреварувања – објавува Bloomberg

Досега за време на Тур Де Франс 2014 седум тимови, меѓукои и тимот на Саксо Банк за кој вози Алберто Контадор имаа монтирано 86 грамски Шимано камери на нивните велосипеди за време на неколку етапи кои потоа беа емитувани на интернет. 

Со ова евентуално би се отворила нова начин за заработка на тимовите бидејќи тие самите немаат никакви телевизиски права за овие настани, а овие снимки од прво лице би биле исклучително добар начин за зголемување на приходите на тимот. 

Во останатите спортови на глобално ниво ГоПро камерите се супериорни во однос на останатите брендови, но во денешно време и на ова поле тие треба да се спротистават на конкуренција од Шимано кои веќе го имаат направено истово, но и од Гармин кои со својата VIRB камера се спонзори на тимот на Cannondale-Garmin. 

Дополнително ГоПро оваа сезона објави соработка и со NHL хокеј лигата во Америка. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија