И двете ги сакаме

Вадиш тркало – имаш камп – ставаш тркало – имаш тура..

Bikamper-от на Topeak е интересно шаторче кое што го користи твојот точак, односно предното тркало, вилушката и рачките како рамка за да го поставиш твојот иден камп, кај што ќе ти текне.

 

Камперот го употребува 26” или 700c (за друмски) тркало во замена за стапчињата кои го суспендираат платното од едната страна, а од другата се поставува вилушката и воланот од точакот. Седиштето помага во додатно оптегнување на целиот шатор и создава покриено место.

Шаторот е водоотпорен, собира еден (ако сакаат и двајца) човек, погоден е за три сезони, има три прозори, зафаќа површина од 1,6 м2, има димензии од 200 х 90цм/ 200 х 70цм, а целосно тежи 1,6 килограми.

Повеќе тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија