Храбрата Ганди

На маратоните се трча за најразлични каузи. Киран Ганди трчаше за една женска кауза, онаа месечната што ги засега сите жени во светот. Поточно за жената и достапноста до женските продукти насекаде во светот…

 

Киран Ганди е млада девојка израсната во САД, постдипломец на Harvard Business School, која трчаше на Лондонскиот маратон со месечен циклус, без влошка, без тампон.

Таа истрча 42 километри додека по нозете и се слеваше крв, ситуација што ги изненади гледачите, но не и нејзе. Киран трчаше и го заврши маратонот со пријатно чувство за себеси.

Нејзината кауза е да се покрене свеста дека во неразвиените земји девојките немаат пристап до женски продукти за време на нивниот месечен циклус. Киран смета дека ова е несекојдневен начин да се истакне тој проблем, посочувајќи дека маратонот е поле каде што сексуалната дискриминација може да се победи.

Инаку таа со своите 26 години, свири на тапани, активна е во феминистички кругови, а има одржано јавен говор и на TEDx.