Хонда CRF450 на Дакар 2013

Релито Дакар 2013 ќе ја пречека новата Хонда CRF450

Релито Дакар е несомнено светска атракција во светот на мото спортовите, со патеки кои се пробиваат низ заборавените предели и пампаси на Јужна Америка. Овој настан претставува врв во рели доживувањата и се очекува со нетрпение.

Оваа година Хонда го промовираше својот нов рели модел CRF450 Rally кој ја имаше својата промоција на интернационалниот саем за мотоцикли и скутери во Келн  Германија. Новиот модел е базиран на стандардниот сериски CRF450. Хонда се надева на подобри перформанси откако во новиот модел CRF450 Rally го интегрира PGMFI/PGM-FI (програмирано вбризгување на гориво), го зголеми капацитетот на резервоарот за гориво, го поднови системот за навигација и ја зацврсти шасијата и каросеријата.

CRF450 Rally ќе биде тестиран од 5 возачи на хонда: Helder Rodrigues (Португалија), Felipe Zanol (Бразил), Sam Sunderland (Англија), Javier Pizzolito (Аргентина) и Johnny Campbell (САД) на релито во Мароко кое ќе се одржи од 14 до 20 Октомври каде CRF450 Rally ќе биде изложен на тестови пред да ја исполни задачата на релито Дакар во јануари.

 

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија