Хероите на Бостон Маратон

На 15ти април 2013 година за време на бостонскиот маратон детонирани беа две бомби во близина на самата финиш линија. Во терористичкиот напад загинаа три лица, а 264 беа повредени. Година дена подоцна, дел од тешко повредените закрепнуваат со нивните животи…

Овој март, скоро година дена по нападот, професионалната танчерка Адријан Хаслет Дејвис повторно танцуваше откако загуби дел од нејзината нога. За време на Тед 2014 конференција во Ванкувер, 33-годишната Адриан беше во солзи додека ја играше „Ring my Bels“ заедно со нејзиниот партнер. 

Џеф Бауман беше дел од познатата слика после трагедијата каде што ги изгуби двете нозе. Во деновите по нападот тој стана херој со тоа што даде клучни детали во врска со главниот осомничен. 

Хедер Абот фрла бејсбол топче во периодот на нејзиниот опоравок. 

45 дена по маратонот, Марк Фукариле е последниот преживеан кој ја напушти болницата во Масачусец. 35-годишниот татко ја изгуби десната нога од над коленото, а има можност да ја изгуби и левата. 

Извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија