Наслов

Хектометар - светски рекорд и спас за најмалиот вид на делфини

Ова е аудио-визуелен едносед кој ве носи на светскиот рекорд во неасистирано слободно нуркање, но во исто време и крик за осветлување на скоро целосно мрачната иднина на двата најмали и најретки видови на делфини на светот. Сето тоа во режија на соло нуркачката легенда и амбасадорот на Мауи и Хектор делфините, Вилијам Трубриџ.

Во Декември 2010 година, во огромната водена дупка Dean's Blue Hole на Бахамите, Вилијам го поставува светскиот рекорд во неасистирано слободно нуркање. Еден хектометар, односно 101 метар и назад целосно на своја рака, без јажиња, тегови ниту пак пераи и со само еден здив. Границата од 100 метри за прв пат во историјата беше срушена, но позади рекордот стоеше нешто подлабоко. 

Како амбасадор на Hector's and Maui's Dolphin SOS организацијата за спас на овие два скоро исчезнати цицачи, Вилијам заедно со неговиот рекорд сакаат да испратат крик до сите оние институции, активисти и вљубени во природата за подобра иднина на двата најмали и најретки делфини во светот кои се ендемични за Нов Зеланд.

Она што е интересно во било која од слободните нуркачки дисциплини е тоа што нуркачот и покрај тоа што ќе го извади маркерот од било која длабочина тој мора да направи серија на задачи (вадење на наочари, вадење на штипка, и кажување "I`m ok") за резултатот да биде валиден. Секој погрешен потег по испливувањето, погрешен редослед на задачите или во некои случаеви изгубена свест значи невалиден резултат.

06 Мај 2013

За авторот