Харис Факиќ во раководните редови на ФК Скендербег

Ретко каде ќе сретнете човек од Македонија како спортски директор во некој странски клуб. Тренерите и фудбалерите веќе одамна се на пазарот на трудот во спортот низ целиот свет, но ислучителни се примерите како тој на Харис Факиќ кој однеодамна е на позиција спортски директор на ФК Скендербег од Албанија, учесник во групната фаза на Лига Европа.

Поразговаравме со него, за да ни каже како стана дел од ФК Скендербег, какви планови спрема за иднина и како е да се биде дел од Лига Европа. 

Пишува Харис Факиќ:

Почетоците на мојата професионален кариера беа проследени со многу радост и мечтаење, го носев репрезентативниот дрес на Македонија од U16 до U21 и имав куса интернационала кариера заради потешка повреда и одлучив да не се занимавам повеќе со професионалниот фудбал како играч. Од тогаш до сега веќе 8-ма година работам интензивно како фудбалски менаџер со искуство како спортски директор во Тетекс само шест месеци. Сега сум во ФК Скендербег од Корча, Албанија на позиција  спортски директор со договор до лето 2016 година.

Со ФК Скендербег се поврзавме преку претходна едногодишната соработка, носејќи за нив неколку засилувања меѓу кои и за нас познатиот Аце Стојков кој меѓу останатото и
помогна со неколку гола за освојување на последната 5-та титула по ред.

Се најдовме во размислувањата со клубот и на нив им беше потребна оваа позиција во управата, посебно пред квалификациите и особено сега во групната фаза на Лига Европа. Најдобме заеднички јазик и они ми понудија да бидам спортски директор, јас без многу размисливање ја прифатив затоа што претходно веќе добро знаев за каква средина се работи и какви потенцијали и можности има за мене, а и за клубот во иднина.

Целите на клубот се како и секоја година, да сме прваци на Албанија за да можеме догодина да пробаме да се пласираме во групната фаза на Шампионската лига, а најмалку да го повториме овогодишниот пласман во групната фаза на Лига Европа каде можам да кажам дека се чусвствува фудбал на друго ниво, имиња, грандови, публика, се е накострежено и возбудливо.

Мојата стратегија е презентирање на играчи во клубот за кои верувам дека се достојни, и засилувања кои ќе направат голема разлика во Албанија и ќе го кренат нивото уште повеќе. Цел ми е да сме конкуренти во европските натпреварувања и паралелно да работиме на подобрување на Академијата, да донесеме млади таленти од целата земја а и од странство со цел и младите категории да успеат во тоа да бидат шампиони, како што првиот тим веќе 5 години по ред е успешен во тој поход. Таков успех до сега немало никогаш.

 

Секако на крај ќе кажам дека и овој пример што една албанска екипа веќе се пласираше во групна фаза на Лига Европа не е случајност, и би сакал што побрзо и Македонија да имам претставник.  Работнички сега за сега се оформува како екипа која е најблиску до таков еден успех. Секако ќе треба уште да напредуваме во инфраструктурниот дел, а после тоа и во инвестирањето на клубовите во играчи и млади категории, ангажирање на странски играчи кои ќе прават разлика и ќе го подигнат нивото во нашата лига. За поздравување се вложувањата на раковотствата на Вардар и на Шкендија и тврдам дека резултатите на овие две екипи ќе дојдат до израз, и на сигурен пат се да бидат дел од Лига Европа или Шампионската Лига најкасно за две години.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија