Гвардибургер

Работава, МекНезнамКајтерам со рекламите.

Пеп потпиша со Баерн и од летово ќе видиме како ќе тера со Баварскиот гигант. Арно ама, маркетингот по се изгледа нема граници. МекДоналдс му измисли бургер на Пеп со надеж дека Баварските љубители на колбас ќе се премислат за оброкот покрај еднолитарското Пауланер.

Нејсе, Hot Pep Guardinator ќе биде некоја варијанта на чизбургер со пилешки стек, кафено (бар така пишува) лепче, кашкавал и некој зеленчук.