Горјан Атанасов со филмче за Велосипедцките работи

И официјално, трејлерот за краткиот документарец од Горјан Атанасов е пред Вас. Премиерата ќе биде во четврток 25.06 од 19 часот во кино Фросина – МКЦ. Велосипедисти, точакољупци, рекеративци и сите останати кои не знаете што не е во ред со вело-условите во Скопје и зошто НаТочак возат секој месец, бујрум на документарен филм кој зборува токму за Велосипедцки работи.

Обраќање на Горјан за тоа зошто, и како го жегнало да засука ракави и да снима..

“Недоволен простор за различни превозни средства во сообраќајот и лоша велосипедска инфраструктура е еднакво на нетолерантност кон велосипедистите од страна на другите учесници во сообраќајот. Ова е практично проблемот кој како директен учесник во велосипедскиот сообраќај ме натера да се вклучам во борбата заедно со останатите велосипедисти за својот простор во сообраќајот. Пораката решив да ја пренесам преку медиумот кој мене ми е најблизок, а тоа е филмот.
Земајќи учество во критична маса ги најдов луѓето чии што приказни и искуства ги пренесува овој краток документарен филм. Филмот покрај тоа што ги претставува проблемите, ја раскажува и приказната за создавањето, развивањето и значењето на критична маса. Неговата цел е да учествува во развивањето на велосипедската култура и да им покаже на луѓето позади автомобилските волани дека велосипедот не е нивниот непријател туку заедно со нив е еднаков учесник во сообраќајот”. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија