ГоПро ќе ѕирка на Тур де Франс

Оваа недела, на неколку дена пред стартот на 102 издание на Тур де Франс, групацијата Велон и организаторот на Тур, АСО – Амаури Спорт Организацијата го потпишаа долгоочекуваниот договор со гигантот за спортски камери ГоПро преку кој ќе се овозможи снимање делови од скоро сите етапи на турата. 

Оваа вест беше развлекувана веќе подолго време во јавноста но досега не беше ништо сигурно во врска со тоа дали ГоПро конечно ќе влезе во спортот или не. Оваа недела, неколку дена откако АСО објави дека на овогодинашниот тур ќе има и real-time (во живо) пренесување и следење на информации од велосипедите, тие објавија и дека ќе се снима од страна на американскиот гигант за мали спортски камери.

Договорени се и тестирања за пренесување на снимките во живо на одредени етапи, но поголем дел од снимките ќе бидат објавени после трката на социјалните мрежи. Сите 22 тимови кои ќе учествуваат во некој дел од етапите ќе имаат камери на своите велосипеди со што ќе се долови целата енергија на спортот од прво лице – пренесува VELONEWS.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија