Голем велосипедски настан во регионот на Азот

Изминатиов викенд во регионот на АЗОТ со централен камп во селото Богомила се одржа вториот по ред велосипедски настан АЗОТ 2016 МТБ ПРЕДИЗВИК.

Првиот ден беше од забавен карактер со посета на селото, вечерта беше предвидена за рок забава. Главниот настан се одржа во неделата, 15 мај. Преку 450 учесници од скоро цела Македонија и 100-на останати посетители-туристи беа присутни на стартот.

Големиот велосипедски маратон започна во 09:40 часот додека малиот маратон започна во 10:00, а велосипедистите возеа две патеки и тоа голем маратон во должина од 51,9 км и 1780 висинско искачување и мал маратон во должина од 33 км и 1070м висинско искачување.

Учесниците поминаа низ селата Богомила, Црешнево, Капиново, Нежилово, планинарскиот дом Чеплес кој воедно е и највисоката точка од 1410, и на крај селото Папрадиште. Сите учесници пристигнаа на целта во 17 часот по што следеше вкусно гравче.

Сите учесници беа презадоволни од целокупната организација, безбедноста на патеката и секако најголем импресиум беа природните убавини на овој регион.

Овој настан е најголемиот организиран од ваков карактер во централниот регион на Македонија. АЗОТ 2016 мтб предизвик беше организиран од ЗГ ВЕЛЕС БАЈКИНГ-Велес, потпомогнат од USAID Small Business Expansion Project, под покровителство на Општина Чашка, а траеше два дена.

Задоволството ке остане целa една година со препорака за сите кои го пропуштија овој настан да дојдат следната година…

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија