Голчиња достојни за финале

Дека во футсалот не треба да има многу размислување покажаа двете најдобри светски репрезентации играјќи во финалето на Светското првенство во Тајланд 2012.

Финалето беше исклучително интересно бидејќи Шпанците беа на прагот од неговото освојување, но Фалкао со страшен удар го однесе натпреварот во продолженија при резултат 2:2. „Кариоките“ потоа настапија на сцена и соло акцијата на Нето беше клучниот момент за освојување на нивната петта титула.

Натпреварот и начинот на игра на двете најдобри футсал репрезентации покажува дека во футсалот сè е во брзината и одлучноста, а не во тики – така играта.