Година подоцна – нашите патеки се дораспаднаа, холандските генерираат енергија

Минатата година планот за соларна патека во Холандија направи вистинки бум помеѓу интернет заедницата. Денес пробната верзија функционира дури и подобро отколку што се претпоставуваше…

Веќе 6 месеци трае тест периодот за соларната патека, а потенцијалот на истата е поголем отколку што очекувале иноваторите. Околу 150,000 велосипедисти ги свртеле своите двотркални миленичиња по панелите, а киловатите што се генерираат од сончевата енергија се со ветувачка цифра.

Планот е добиената енергија да се користи за потребите на околните домаќинства, а од поставувањето на патеката во должина од 70 метри, до сега се добиени околу 3000 kWh, доволни за одржување на едно домаќинство на годишно ниво.

Патеката е доволно цврста за да ја издржи тежината на возило од 12 тони, а векот на траење се проценува на околу 2 децении. Станува збор за панели од стакло, силикон и цемент, а добиената енергија веќе се искористува за околните улични светилки.


 Можеби ќе ве интересира: ДА ВРТИШ ПЕДАЛИ ПО ЅВЕЗДЕНО НЕБО


 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија