Обединета Македонска Дијаспора го има својот Филипе Жилбер

Ѓорѓи Попстефанов е човекот кој ги поместува границите секојдневно, велосипедизмот му е залепен за душа, а нашето внимание го привлече со неговото учество на Светскиот шампионат во велосипедизам во Ричмонд, САД. Го контактиравме со цел да пише нешто за себе за подобро да го запознаете…оф д рекорд ни призна дека омилен велосипедист му е Филипе Жилбер

Пишува Ѓорѓи Попстефанов:

Од 2010-та година аткивно се занимавам со велосипедски трки. Од колку што памтам, од секогаш сум возел точак, и на подолги тури и по планини, но во 2010-та година влегов во екипата Енерџи од Скопје која што ме носеше на трки низ Македонија, Србија, и Словенија.

Предходно тренирав кошарка, атлетика, и веслање. Стално сум имал спотски дух и ми било желба да спортувам професионално на светско првенство, или па на олимписки игра за Македонија.

Моментално живеам во Вашингтон, САД и работам за Обединета Македонска Дијаспора каде што активно разговарам со Конгресмени за влез на Македонија во НАТО.

Но исто така одделувам доволно време за тренинг кој што дозволува да сум компетитивен на професионално ниво. Втор пат учествувам за Македонија на Светското првенство во велосипедизам и по втор пат освоив 63-то место во цел свет, што е голем успех за нашиот велосипедизам. Конкуренцијата ми беа учесници и победници на Тур де Франс.

За да напредне нашиот велосипедизам потребно е спонзор или група на спонзори кои што ќе  оделат буџет да се створат професионална екипа од Македонија каде што ќе има возачи што можат да се сконцентрират само на велосипедизам.

Ги пратам сите наши соседни земји и разликата е само во создавање на профи екипа, инаку потенцијалот на велосипедистите на Македонија е доволно за да се стигна до Тур де Франс за одреден период.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија