Гинисов рекорд- Полумаратон во одело за 1час и 11 минути

На 19ти Март еден човек облечен во бизнис одело протрча низ Вол Стрит на Менхетн. Човекот не одеше на состанок и немаше никакво интервју. Тоа беше Крис Естваник, новиот сопственик на Гинисов рекордер за најбрзо истрчан полумаратон во одело.

Трчањето на маратони и полумаратони во бизнис одела во последните две години се претвори во вистинска компетитивна трчанка која никако да сопре. На последната таква трчанка , поточно на Њу Јоркшкиот полумаратон кој се одржа на 19ти Март, беше соборен Гинесовиот Рекорд во трчање полумаратон во одело.

Новиот рекордер е Крис Естваник (36), бивш атлетичар и полумаратонец кој на само 26 години решил да ја заврши професионалната натпреварувачка кариера и да се пресели на Бермудските острови. За среќа во меѓувреме Крис не престанал да трча и да ја одржува формата, па по една кладба во тура рум тој се решава да проба да го урне стариот рекорд во сопственост на американецот Скот Форбс кој оваа “дисциплина” ја заврши за 1час и 18мин.

Крис успеа да финишира на Њу Јоркшкиот полумаратон за неверојатни 1час и 11минути и за вкупно 55то место во генералниот пласман, време кое е недостижно и незамисливо за многу професионални атлетичари. Она што е уште пофасцинантно од постигнатиот резултат е што кладбата за обидот на рушење на стариот рекорд паднала само 2 недели пред одржување на полумаратонот.

По завршувањето на трката Крис изјавил дека подвигот не бил воопшто лесен и дека од голема корист му било тоа што по природа е комептитивен и лесно прифаќа предизвици.

Инаку досега најбрзо забележано време на полумаратон во одело имал јапонецот Јуки Каваучи кој во 2006 година истрча за 1час и 6 минути, но неговото време не беше признато заради тоа што патеката на која трчал немала сертификат.

Значи, свртете една тура а за втората нека падне кладба дека ќе го срушите рекордот на Крис. Ако ништо друго ќе бидете најдотерани на трката која ќе ја одберете.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија