Гагаш Розов со највисокиот бејсџамп на светот

По повод оваа јубилејна годишнина тука, една руска бејсџамп ѕверка реши да скокне од една хималајска стена која се наоѓа на 7200 метри надморска височина.

Па така 48 годишниот Валери Розов екстрим спортист од пети до тил со четворица спрегнати  шерпаси придружуван со фоторепортер и камерман поминува 3 седмици на Хималаите подготвувајќи се за овој скок во чест на првото искачување на Еверест пред 60 години. 

Бачушка Валери се искачува по северната рута на Еверест и за време на скокот цела минута лета со брзина од 125 км/ч пред да го отвори својот падобранот и да слета на ледникот Ронгбук кој се наоѓа на 5950 м.н.в.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија