WHEN THE MOUNTAINS WERE WILD
Фрирајд патување во албанските Алпи
Здосадени од популаризираните скијачки центри низ Европа, петмина скијачи, бордери и филмаџии тргнуваат на патување во потрага по балканската скијачка дивина. Нивната дестинација – „Проклетите планини”…
19-минутното филмче насловено како WHEN THE MOUNTAINS WERE WILD во продукција на Whiteroom Productions е снимено низ повеќе делови од поранешна Југославија, а како крајна дестинација на екипата е истражување на масивот Проклетие на граница на Албанија и Црна Гора.