Летен фудбалски камп 2015

Фк Кул на летен камп во Неи Пори

Овогодишната сезона на Фудбалската Школа Кул се заокружи со летен камп во Неи Пори.

Осмиот традиционален летен камп во организација на Фудбалските Школи Кул и Кул Здравје оваа година се одржа во Неи Пори, Грција. Времетраењето на кампот беше 7 дена, со присуство на млади спортисти од 6 до 14 годишна возраст. Кампот го водеа четворица лиценцирани тренери, а за време на целиот камп децата беа згрижени со 24 часовна медицинска грижа. Тренинзите се изведуваа на фудбалскиот терен со природна трева во Неи Пори и на песочните плажи кои беа опремени со фудбалск риквизити. Покрај тренинзите децата имаа и слободни активноти: игри во вода, пливање, пешачење по плажа и спортски активности на песок (фудбал и одбојка).

Летниот камп овозможи меѓусебно дружење, игра и размена на искуства меѓу членовите. Сумираните впечатоци доведуваат до заклучок дека летниот камп се одвиваше и заврши во најдобар ред.