Фино пополнети, но сепак здрави?

Носењето на повеќе килца е солиден сигнал за сегашни или некакви идни здравствени проблеми, но не и кај секој човек. Фрламе поглед во концептот на метаболички здрави луѓе кои имаат поголема тежина.

Повеќето од луѓето кои се со прекумерна тежина (од 25,0 до 29,9 BMI) и гојазни (со BMI над 30) покажуваат потенцијално лоши и нездрави промени во нивниот организам. Тука спаѓаат висок крвен притисок и холестерол во крвта, промени во сензитивноста на инсулин (хормонот задолжен за контролирање на шеќерот во крвта) и ред други промени.

Како резултат на ризик факторите овие луѓе имаат поголеми шанси од заболување со дијабетес тип 2 разни кардиоваскуларни и други заболувања и состојби кои драстично може да го променат животот на човекот.

Но, на другата страна од оваа широка група на луѓе, постојат и некои кои покрај нивната дебелина, метаболички се потполно здравите индивидуи.

  • „Дебелината не е хомогена состојба. По сè изгледа таа не ги засега сите индивидуи на истиот начин.“ – вели Др. Френк Ху, професор по нутриционизам и епидемиологија на Харвардската школа по јавно здравје.

Според Др. Ху и негови три колеги, ова се поставените и идентификуваните карактеристики на метаболно здравите, но гојазни луѓе.

Комбинација на висок BMI (body mass index) заедно со:

  • обем на половината не повеќе од 101цм. за мажи и не повеќе од 88цм. за жени
  • нормален крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта
  • нормална сензитивност на инсулин
  • добра физичка подготовка

Сепак, докторите предупредуваат дека овој тип на луѓе е премногу редок и не е во можност вечно да се одржува во таква состојба бидејќи со промена на било која од горните варијабли лесно може да се отиде во полошата половина.

Крајната линија е дека прекумерната тежина не е пожелна, па дури и да е од овој т.н. поздрав тип.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија