Финале на куп на Македонија за Сениори и Сениорки 2015

Изминатиот викенд на арената „Филип Втори Македонски ” во Скопје се одржа Финалето на сениорскиот куп на Македонија за Сениори и Сениорки.

Учество земаа преку 200 атлетичари од 15тина атлетски клубови од Македонија . Може да се каже дека ова беше еден од клучните натпревари за проверување на формата на Атрлетичарите за престојните Европски Игри во Баку, кои ќе се одржат кон крајот на месец Јуни , а на кои АФМ ќе учествува со 30 атлетичари .

Како освојувачи на Пехарите и признанијата на Купот се : Во женска и севкупна конкуренција победи екипата на АК “Охрид”, а за само 1 бод беа второласирани во машка конкуренција. Севкупно второпласирани беа екипата на АК”Куманово”, додека пак третопласирани завршија АК”Работнички” од Скопје, благодарение на машкиот дел од тимот, кои беа првопласирани во својата конкуренција.

Севкупно мажи:

1.Работнички 59; 2. Охрид 58; 3. Куманово 51; 4.Студенти 32; 5.Делта 21; 6. Пролет 15; 7.Скок 9; 8.Карпош 8; 9.Олимп 4

Севкупно жени:

1. Охрид 53; 2. Куманово 50; 3.Студенти 27; 4.Делта 23; 5.Карпош 9; 6.Работнички 4

Севкупен Пласман:

1.Охрид 111; 2.Куманово 101; 3.Работнички 63; 4. Студенти 59; 5. Делта 44; 6.Карпош 17; 7.Пролет 8.Скок 9; 9.Олимп 4

Извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија