Филмски фестивал за спортови во природа – Крали Марко

Вчера на 20.05.2014 во склоп на културната манифестација „Денови на Крали Марко“ во Прилеп беше одржан и фестивалот за спортови во природа – Крали Марко на кој беа прикажани повеќе филмови различни спортски области. 

Еден од традиционалните културни обејежја на градот Прилеп е и манифестацијата „Денови на Крали Марко“ која што се одржува во месец мај и на репертоарот нуди повеќе културно-уметнички настани поврзани со околината и историската фигура, Крали Марко. 

Оваа година, во склоп на оваа манифестација за прв пат се одржа и фестивал на филмови за спортови во природа – Крали Марко кој беше организиран од здружението за планинско трчање Trex и Ехо – филмскиот фестивал на кој беа прикажани повеќе кратки филмови од различни аутдор области. 

Во киносалата „Мис Стон“ беа проектирани филмови од сферата на планинското трчање кое што е широко познато во овој регион по трката „По стапките на Крали Марко“ (Krali Marko Trails), планинскиот велосипедизам, болдерингот, спортското качување, алпинизмот и параглајдеризмот. 

Целата идеја на настанот беше да се промовира потенцијалот на оваа област со сите нејзини можности за спортски туризам и да се разменат искуства меѓу посетителите кои се во овие спортски води.

Во разговор со Трајче Панковски, еден од организаторите на настанот, бевме информирани дека на филмскиот фестивал го посетија околу 60тина души, а поканет беше и гостинот од Јапонија Хироки Ишикава, планински тркач со големо искуство кој беше во можност да ги запознае можностите на оваа област и да оствари контакт со нашите претставници.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија