Fedex со пратка до Пике

Фудбалерот на Барселона, Жерард Пике доби интересен поклон од страната на светски познатиот тенисер Рожер Федерер.

Патики од линијата на „Најки” во кутија на која е испишан бројот 287 стигнале на адресата на централниот стопер од Барса кој видно изненаден преку социјалните мрежи му се заблагодари на Федерер за убавиот гест кој очигледно го изненади поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед. Патиките биле направени специјално за прослава на рекордната 287 недела на врвот на АТП листата, кога Федекс го сруши рекордот на Пит Сампрас.
Покрај патиките во фамозната кутија Пике добил и порака која била лично напишана од тенисерот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија