Полуфинале на Шангај Ролекс Мастерс 2012

Федерер против Мареј

Светскиот тениски рекет број еден Роже Федерер, ќе игра против Енди Мареј во полуфиналето на Мастерс 1000, турнирот во Шангај.

Федерер и Мареј досега имаат одиграно 17 дуели и Британецот Мареј води со 9-8 во победи. Летото се сретнаа во финалето на Вимблдон каде трофејот го освои Федерер, а играа и на Олимпискиот турнир во тенис каде победник излезе Мареј.

Британскиот тенисер Енди Мареј важи за светски рекет број три и двократен победник на Мастерс турнирот во Шангај.

Швајцарскиот тенисер Федерер до сега шест пати има учествувано на овој турнир, а при неговото последно учество, во финалето беше поразен токму од Мареј.

„Се радувам на натпреварот. Секогаш е добро да се игра со најдобрите играчи. Ќе биде тежок натпревар, но се уште немам одлучено каква игра ќе презентирам “, изјави Федерер.