Ф1 Болид со естрогени

Формула 1 си има понежна половина, и покрај безбројните коњски сили и директното вбризгување Сузи Волф го тестираше болидот на Williams. Таа е четвртата жена во последните 10 години што возела болид на Формула 1.

 

Одлично помина, беше супер забава. Долго го чекав и сонував овој ден. Доста време поминав во симулатор и знаев што ме очекува, но сепак огромна е разликата да се биде на патеката. изјави Волф.

Пред Волф во изминатото десетлетие уште 3 жени го грабнаа воланот пред овој предизвик, Британките Марија Де Вилоту и Кетрин Леге во 2005 и Американката Сара Фишер во 2002. Сепак ниедна од нив немала официјална трка во Ф1.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија