Европските Еврејски Игри за првпат во Берлин

Во градот кадешто на летните Олимписки Игри во 1936 година Евреите беа целосно исклучени од натпреварувањето, а потоа го претпреа најстрашниот геноцид во историјата на човештвото, 79 години подоцна за првпат ќе се одржат Европските Еврејски спортски Игри.

Во период од 27 јули до 5 август т.е. по вчерашниот старт, во Берлин, Германија ќе се одржат Европските Еврејски спортски Игри на кои учество ќе земат повеќе од 2000 натпреварувачи во различни дисциплини.

Европските Еврејски Игри е спортски настан кој се одржува на секои четири години и кои ги сплотува спортистите од оваа но и од сите други вероисповеди од европските држави на повеќедневно натпреварување во различни спортски дисциплини. За првпат тие биле одржани во 1929 година во Прага, а потоа во Антверп по што следел голем период на стагнација на игрите за во 1959 година тие повторно да се одржат во Копенхаген. 

Покрај Европските Еврејски Игри заедницата на Евреи низ целиот свет организира и други спортски настани вклучувајќи ја и т.н. „Еврејска Олимпијада” т.е. Еврејските Светски Игри кои се одржуваат секои четири години но со седиште во Израел (тие се со разлика од две години од Европските т.е. наредните ќе бидат во 2017 година).

Овие Светски Макабиски Игри се едни од најголемите спортски настани после Светското фудбалско првенство и Олимпијадата кои собираат повеќе од 10000 натпреварувачи во различни спортови. Иако игрите се „Еврејски” тие нормално, дозволуваат вклучување на тимови и натпреварувачи со било кои други религиски насоки.

Европските Еврејски Игри во 2011 година за првпат се одржаа во Виена, град кој бил вклучен во Третиот Рајх за време на Втората Светска Војна, но оваа година тие се во главното седиште на нацијата која за времето на Хитлер имаше страшни замисли за овој народ. Сепак, скоро 80 години подоцна ова претставува своевидно помирување по страшните настани кои никогаш повеќе не смеат да се повторат. 

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија