Ем да видиш, ем да те видат

Зимски услови и рана темница, непретпазливи шофери, а бескрајно многу неквалитетни светилки за точакот на пазар. И на некој од Сиетл му дошло преку глава, па започнал со дизајнирање и мини-производство на „најсигурните велосипедски светилки што некогаш биле направени” (како што си се фали), за ем да те видат, ем ти да видиш.

360° Bike Lights се ништо повеќе од предна и задна велосипедска светилка кои се спакувани во малку поквалитетен оклоп одошто сте навикнати и имаат фини дополнителни спецификации.

Пакетот се состои од предна (бело светло со 500 лумени) и задна (црвено со 300 лумени) светилка кои се монтираат на принцип на магнет на било што.. читај рам, гидан, шлем, ранец. Поставени на вашиот велосипед тие ве прават лесно воочливи во мракот за останатите од сообраќајот, а и се доволно добри за да ви го осветлуваат патот.

Работат на вградена батерија која се полни на USB за ~ 1,5 час а светилките имаат три режими на работа – висок кој може да издржи од 1,5-5 часа, среден – 4-10 часа и низок – до 24 часа.

Бидејќи во Америка крауд-фондирањето функционира на високо ниво, првично побараните 20,000 долари од компанијата завршија со 157,323 собрани долари за шест дена, а дел од пакетите се веќе распродадени, па ако сакате да си купите ќе треба да почекате.

Повеќе ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија