Спуштање по Водно

Елај си снегче – бордање на Водно

Еден од ретките денови кога можеш да скијаш на снег и по патот и по самата жичарница…

Видеово е од пред неколку зими, на еден убав снежен ден, тргајќи од врвот на Водно симнувајки се покрај жичарницата и по патеката. Два пати се качивме и спуштивме од врвот на Водно, плативме една карта и ги замоливме вработените на жичарницата да не пуштат уште еднаш да се качиме без да да платиме, и нормално секој пат кога сме прашувале ПУШТААТ.

Штотуку ќе се симнете од жичарата врзување бордовите или скиите, и спуштање покрај жичара. Патеката и стрмна и необележана, така да внимателно, бидејки има останат насип на големи камења и дрвја кој штрчат и се поставени од градењето на жичарницата и можат да бидат опасни по живот. Негде на средина на оваа дива патека во пресрет и доаѓа патеката за возила и пешачење, по која е и направено ова видео кое трае 2:30 мин. и потоа пак се враќате на дивата патека покрај жичарницата која се стеснува и станува поинтересна и со неколку скокчиња се до средно Водно и почетокот на жичарницата.

Тогаш не постоеше GoPro кај нас или барем не бевме запознаени, па затоа ова видео е снимено со SonyEricson или Nokia телефон (не можеше да ни текне кој што телефон имаше тогаш) и не беше ни опција да го извадиме телефонот (камерата) по дивата патека (недај боже да падневме кој ќе го сушеше со фен) па затоа кога искочивме на пат ја уклучивме и еве што искочи.

Многу убаво и забавно цело време, и постојано си се чудевме и во неверување дека сме си на нашето Водно и на само 5 минути од нашите домови, каде си се вративме на топло чајче и разговор за преубавиот поминат ден.

СКИЈАЊЕ НА ВОДНО КОГА?