Една обична мапа на Алпите

Може на почеток момчево и девојчево ќе ви изгледаат ужасно смешно, но кога ќе откриете дека тие направиле една обична мапа од која може да се дознае секоја долинка, брдо и планинка на Алпите, од која може да се пронајде секој од 636-те ски-центри во околината заедно со должината на скијачките писти и нивните карактеристики, па и со 30-тина илустрирани познати врвови од околината. Обична мапа бе, а толку многу информации.

Основни информации за Алпите: 

  • 7 држави
  • 25 милиони скијачи на годишно ниво
  • 636 ски центри
  • 29,465 километри ски патеки
  • 30 планини 
  • една мапа

Нарачај си ја од тука

А еве како беа правени графичките анимации на најпознатите врвови.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија