11 спортски ѕвезди кои останаа без богатите спонзорски договори

Ѕвезди без спонзори

По стапките на Ленс Амстронг кој остана без значителна сума на пари кои редовно се слеваа на неговата сметка, а причина за тоа беше последната допинг скандал на кој Амстронг го извлече подебелиот крај, Ви ги доближуваме и останатите супер спортисти кои поради слични причини се во дефицит на спонзорски договори.

  • Тајгер Вудс остана без договорите со Жилет и Геторејд поради откривање на невкусни нешта од својот приватен живот.
  • Мајкл Фелпс „раскина” со Келогс по објавувањето на фотографијата на која јасно се гледа како Фелпс се дружи со еден цветен бонг во кој има марихуана.
  • Коби Брајант ги загуби договорите со сите посилни спонзори како што се Најки и Мекдоналдс откако беше обвинет за сексуален напад.
  • Брет Фавре остана без парите од Вранглер поради смс порака пратена до вработен во Њујорк Џетс.
  • Вејн Руни беше откачен од Кока Кола откако напаѓачот на Јунајтед заработи суспензија од четири меча за непристојно однесување насочено кон објективот на камерата која беше дел од ТВ преносот на еден меч од Премиер Лигата.
  • Бари Бондс не може повеќе да смета на заработката од Мастеркард по неговото јавно признавање на користење на забранети материи за подигрување на концентрацијата.
  • Џастин Гетлин повеќе не е спонзориран од Најки. Повод за раскин на договорот преставуваше суспензијата поради користење на наркотични средства.
  • Меџик Џонсон остана заборавен на денот на исплата на спонзорски пари од страна на Кенати Фрајд Чикен откако поранешната НБА ѕвезда во една ТВ емисија објасни дека во текот на својот живот во неколку наврати ја изневерувал својата жена.
  • Мајкел Вик најпрвин остана без соработката со Најки а потоа и со Рибок погодувате ?! Повторно поради консумирање на наркотични средства.
  • Џејсон Џиамби екс бејзбол ѕвездата нема соработка со Пепси и Најки по скандалот со стероиди.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија