Ѕверските ѕиври

Нашите модни стилови и фурања скоро секогаш потлекнуваат пред семоќната ѕивра во зимскиот период. Е добро, ама оваа не е регуларната каубојска туку модел на ѕверска ѕивра која ќе ве спаси и од сибир зими!

Германската иновативна текстилна компанија WarmX произведе облека за која сигурно многу спортисти „плачат“, особено во зимските временски услови. Специфичноста на облеката е во тоа што истата содржи електрични грејни елементи и е специјално дизајнирана за надворешни спортови, во услови кога планинарите, пешачите или возите велосипед.

Точно е дека на пазарот има многу видови на облека со електрични грејни елементи, но факт е дека многу од нив се гломазни и непријатни за носење. Производите на WarmX се изводјуваат по тоа што грејните елементи се лесно интегрирани во ткаенината што ја прави пријатна за носење.

На кој начин ве топли WarmX?

Проводни полиамидни влакна се директно вткаени во материјалот на облеката, а истите се полнат со електрична енергија од мала батерија на полнење која може да трае од 3,5 до 5,5 часа. Така, плетената ткаенина директно ја загрева кожата – целосно без грејни жици!

На овој начин потребна е многу мала количина на електрична енергија за да го згрее материјалот, во споредба со други видови на технологија кои обично прво загреваат неколку слоеви на тканенината, а топлината доаѓа побавно до кожата.

На сликата прикажана погоре е блузата која е достапна во машка и женска варијанта и која има две зони околу бубрезите кои се затоплуваат.

Инаку, материјалот на блузата содржи чисто сребрени јони, така што нема непријатни мириси.

Освен за затоплување на бубрезите, WarmX има решение и за ладните нозе. Хеланките имаат грејни тела во делот околу бутовите и колената. Mini Power контролорот е сместен во предниот џеб на хеланките.