Џулбо не рѓоса ни по 125 години

За кратко време на пазарот, компанијата која пред 125 години го измисли епскиот дизајн за планинарски и какви уште не очила ќе исфрли лимитирана едиција на парчето опрема кој направи едно вековен оптички бум.

Во 1888 година, Џулс Бауд, основачот на компанијата Julbo ги дизајнира првите протективни очила за луѓето кои копале кристали на француските Алпи. Набргу после тоа, очила за планинарење и снежни спортови беа додадени во понудата на Џулбо, а со тоа заштитната опрема на оваа компанија станаа најреспектираниот бренд на мразот.

Во 1950тите, славните години кога започнуваат сите големи планинарски освојувања, Џулбо ги исфрла на сцена познатите Julbo’s Vermont glacier очила кои започнуваат да владеат со нивниот едноставен, но енормно функционален дизајн. Тие преживуваат се до доцните 1990ти кога е запрено нивното производство.

Оттогаш, Julbo USA прима милиони повици и мејлови за камбек на славната наочара чии дизајн претставуваше репер за многу други фирми.

125 години подоцна, фирмата го прославува своето минато и како дел од прославата пушта лимитед едиција на очилата, Mythic Vermont.

Овие очила ќе го носат амблемот од 125 – годишнината и се изработени од минерално стакло, а не со поликарбонатни леќи.