Двa медали загарантирани од светското јуниорско првенство во кик бокс

На Светското јуниорско кадетско првенство кое се оддржува во Римини, Италија присутни се 64 земји од сите 5 континети со 2020 спортисти.

На самиот старт ждребот ни беше наклонет. Хедис Рамадани -67кг лоу кик го обезбеди бронзениот медал. Рамадани денес се бори за пласман во финале со српскиот кик боксер Данило Раткич.

На првиот ден на светското првенство настапија Македонските претставници Марио Додевски и Бобан Илиоски.

Марио Додевски – 69кг. кик лајт се сретна со Бонио Вито Лоренцо од Франција. Борбата беше израмнета и одлучуваа нијанси. Додевски загуби на поени и за него тоа беше крај на настапот на светското првенство .

Нашиот втор претставник Бобан Илиоски -71кг. лоу кик со својот настап против Јакуб Козера од Полска и победата од 3-0 го сврте вниманието на присутните во салата со својата техника и подготвеност.

На вториот ден свое деби имаше Марија Божиноска која настапи во кик лајт дисциплината + 70 кг , а за противник ја имаше домашната претставничка Шерон Фиорети .Божиноска изгуби на поени .

Бобан Илиоски својата втора победа ја имаше против рускиот претставник Савели Кривоносов и се пласира во полуфинале на општо задоволство на Македонскиот тим во Италија. За противник ке го има претставникот од Јужна Африка во петок.