Доживотен ски пасс

Многу едноставно! Ја лајкаш потребната фејсбук страна, го пополнуваш формуларот, чекаш да те извлечат до 10 јануари 2013 и после следува потешкиот дел. Како да се преселиш и живееш во Винтер Парк, Колорадо, поради тоа што ти следува доживотна ски карта за овој резорт.

Скијачкиот резорт Винтер Парк се наоѓа на Rocky mountains во државата Колорадо, и е оддалечен еден час возење од Денвер. Паркот располага со огромен скијачки потенцијал, 1200 хектари скијачки површини и 143 скијачки стази поврзани со вкупно 25 скилифтови сместени помеѓу три планински врвови. Инаку во Винтер Парк просечно на годишно ниво врнат 9 метри снег! 

Раководителите на ски резортот за оваа година сакаа да направат нешто навистина специјално за нивните гости, па решија преку пат на лотарија да изберат еден среќен добитник кој ќе има доживотен ски билет на нивните терени. Можеби некогаш ќе се случи ова и кај нас?!

Што друго да кажеме, кликајте на линкот подолу, следете ја процедурата и молете се на горниот. 

PDF мапа на резортот тука (полека да не се исплашите)

Потенцијален доживотен ски пасс тука