Докторот што претера со виното

Пред неколку дена, два угледни британски весници изнесуваат резултати од долгогодишна студија на еден доктор која вели дека шише (не чашка) алкохол на ден не прави никаква штета по човековото здравје. Трет весник реши да се побуни на „фактите“.

 

Во краток временски период овој месец Дејли мејл и Индепендент објавија резултати од студија на финскиот професор Кари Поиколаинен според која сегашните максимални дневни дози на алкохол препорачани за една особа изгледаат како да се за деца.

Имено, според неговиот извештај, цело шише вино (или повеќе од 13 единици алкохол) на ден не прави никаква шетета по човековото здравје, а дополнително тој тврди дека умеренотот пиење на алкохол е подобра варијанта отколку неконсумирање на било каков алкохол.

Новинарка од Гардијан на ова возврати со нешто објективно затоа што во двата весници, иако е напоменато дека докторот дошол до неговите заклучоци од долгогодишна студија, никаде не може да се најде конкретна референца или доказ за резултатите од ова испитување.

Интересно е тоа што студијата е пуштена во етер во период кога во Британија дел од општеството изнесе одредена доза на критицизам спрема моменталните државни препораки за консумирање на алкохол кои што се една голема чаша вино (2-3 алкохолни единици) за жени и малку повеќе (3-4 единици) за мажи на ден.

Во никој случај не е спорно дека алкохолот има токсичен ефект по човековиот организам и истиот треба да се консумира многу внимателно и во мали дози, секако далеку под овие 13 единици на ден.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија