Добар тренер секогаш има (добра) тактика

Добиваш бан (во превод – забрана), набавуваш кран и завршуваш работа на турски начин. 

Тренерот на турскиот фудбалски третолигаш Корум Беледијеспор, Хамит Исик доби деветмесечна забрана за присуствување на натпреварите на неговиот тим откако некоректно се однесуваше спрема судијата во еден претходен натпревар. Исто така, тимот беше казнет и со забрана за присуство на навивачите на домашен терен, но ниту навивачите, ниту тренерот не беа спречени да го следат натпреварот од плеј-офот овој викенд. 

Хамит Исик најми кран кој го подигна над ниската трибина откаде тренерот ги задоволи сите услови на забраната, но сепак беше во контакт со играта на неговите избраници. 

Навивачите пак се собраа пред стадионот и на голем видео-бим го следеа натпреварот. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија